Во период од 27 до 31 мај 2024 година, во организација на Одделот за медицинска обука (ОМО) при Воено медицинскиот центар, се одржа Курс за тактичко згрижување на повредени (TCCC – Tactical Combat Casualty Care). Наставата се реализираше во соработка со инструктори за медицинска обука од Центарот за медицинска обука на Швајцарските вооружени сили. Слушатели на курсот беа животоспасувачи од Армијата на Република Северна Македонија, кои имаа можност да ги усовршат и надополнат/надградат своите вештини за згрижување на животозагрозувачки повреди при интензивни борбени дејства.
Во тек на завршната вежба која се одржа во касарната „Илинден“, учесниците ги презентираа научените техники и принципи на медицинско згрижување во тактичка средина. Предавањата и практичните увежбување беа во согласност со најновите стандардизирани медицински насоки и слушателите се здобија со интернационално признаен сертификат.
Имајќи ја во предвид улогата на ОМО како Регионален Медицински Тренинг Центар, во тек на одржувањето на именуваниот курс, швајцарските инструктори одржаа и Курс за инструктори за тактичко згрижување на повредени за медицински лица припадници на Балканските Медицински Наменски Сили.