Kомандантот на Команда за Операции, бригаден генерал Бесник Емини во период од 10-12 јуни, присуствуваше на конференцијата на Европските Армии (CEA- Conference of European Armies). На конференцијата учествува команданти на Копнените Сили од 35 армии, армии на членките во НАТО Алијансата и сојузници. Исто така на конференцијата учествува и претставници од Армијата на Соединетите Американски Држави, претставници на НАТО командата како и останати организации.
Конференцијата беше организирана од страна на Командата на САД за Европа и Африка и беше предводена од страна на командантот на Командата на САД за Европа и Африка, генерал Дерил Вилијамс. За време на конференцијата присуствуваше и началникот на штаб на Армијата на САД, генерал Ренди Џорџ. За време на конференцијата се дискутираше на повеќе актуелни теми кои се битни за моменталната безбедносна состојба во Европа како и јакнењето на способностите на армиите.
Командантот на Команда за Операции, бригаден генерал Бесник Емини за време на конференцијата оствари билатерални средби со претставници на Армијата на САД и претставници од Армиите членки на НАТО и сојузниците, како што се: заедничка средба на генералите присутни на конференцијата со началникот на штаб на Армијата на САД, генерал Ренди Џорџ, билатерални средби со началникот на Г-3 во Командата на САД за Европа и Африка, бригаден генерал Патрик Елис, со бригадниот генерал Стивен Карпентер, командант на 7мата Армија за обука на САД, со командантот на копнените сили на грчката Армија, генерал потполковник Џоргиос Костидис и со командантот на копнените сили на Норвешката Армија, генерал мајор Ларс Лервик.
Учеството на конференцијата е од големо значење за Армијата бидејќи на истата има можност за запознавање со предизвиците и моменталната безбедносна состојба во Европа како и можноста за остварување на средби со претставници од останатите армии со цел продлабочување на меѓусебната соработка.