Заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, денес оствари работна средба со командантот на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), бригаден генерал Билбил Битри.
На средбата беше потенцирано дека, како земја домаќин на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа ја продолжуваме поддршката на бригадата, која со своите активности и придонесот кон развојот на интероперабилноста помеѓу земјите членки, претставува една од најуспешните форми на регионална соработка.
Воедно, се истакна нашиот придонес во организацијата за свеченоста по повод 25-годишнината на СЕЕБРИГ, која се планира да се реализира во септември во Штабот на СЕЕБРИГ во касарната „Боро Менков“ во Куманово. СЕЕБРИГ е формирана во 1999 година како резултат на договорот за регионална соработка на полето на одбраната, познат како Договор за мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа.