Во соработка со Црвениот Крст и Институтот за Трансфузиологија согласно укажана потреба, со цел надополнување на потребите за крв и крвни продукти, во касарната „Илинден“ се спроведе вонредна крводарителна акција.
Припадниците на Армијата секогаш одговараат на потребите на граѓаните и институциите при што на денешната крводарителната акција беа дарувани 63 крвни единици.
Покрај извршувањето на своите редовни работни задачи, припадниците на Армијата остануваат верни на традицијата за доброволно дарување на крв, покажувајќи ја својата хуманост на дело.