Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Фатих Улусој и одбранбеното аташе полковник Реџаи Јилмаз.
На средбата се разговараше за досегашната билатерална воена соработка и согледување на можностите за интензивирање на истата во наредниот период, како дел од планираните заеднички активности и искажани потреби со кои се подобрува интероперабилноста.
Од страна на генералот Лафчиски се изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Република Турција, која е наш стратешки сојузник, особено за континуираните донации во опрема, обуката и школувањата на припадници на Армијата во воените образовни институции на турските вооружени сили, како и учеството на нашите припадници во мисијата „Еуфор – Алтеа“ во рамки на турскиот контингент.