Полковникот Вељко Милиќ, командант на Балканските медицински наменски сили (БМНС), го запозна генералот Лафчиски со мисијата, организацијата и структурата на БМНС, како и со идните планирани активности и вежби, со акцент на најавата за нивно учество во вежбата „Platinum Wolf“, која ќе се реализира следната година.
БМНС е мултинационална медицинска воена единица, составена од медицински модули формирани со придонес на земјите учеснички: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија.