Во период 21 до 25 ноември 2016 година, во рамките на билатералната соработка со СР Германија, беа реализирани експертски разговори во областа на медицината.
На претставници на медицинската служба од германската армија од страна на македонските воено медицински експерти им беа презентирани организациската поставеност и мисијата на Воено Медицинскиот Центар (ВМЦ), начинот на реализирањето на медицинската поддршка во единиците на АРМ и спроведувањето на медицинската подготовка на персоналот предвиден за упатување во мисија. Низ разговор и дискусија, тие подетално се запозна со делокругот на активности на секој оддел во ВМЦ подетално и со синџирот на снабдување со медицински материјални средства во Армијата на Република Македонија.
Исклучителен впечаток на делегацијата од СР Германија им оставија досегашните резултати на медицинската обука во Регионалниот Медицински Тренинг Центар, базирана на современиот принцип на обука и нагледни средства.
Во текот на разговорите беа претставени и Балканските Наменски Медицински Сили (БНМС). Претставниците од германската делегација се запознаа со концептот на БНМС, идните планирани активности и опремата на македонската теренска болница.