Согласно Планот за билатерална соработка во областа на одбраната за 2024 година, во периодот од 13 до 15 ноември, се реализираше активноста „Посета на Баталјонот на Воена полиција“ од делегација од Службата на Воена полиција на Република Бугарија, предводена од полковник Иван Комитов.
Во рамките на посетата беа презентирани капацитетите на единицата, а беше разговарано и за досегашната соработка, стекнатата интероперабилност преку заедничките активности, идните заеднички активности за 2025 година, како и можностите за нови полиња на соработка.
Оваа посета ќе придонесе кон зајакнување на билатералната одбранбена соработка помеѓу двете земји.