Во Одделот за медицинска обука при Военомедицинскиот центар (ВМЦ) во период од 30 септември до 13 декември се реализираше „Курс за животоспасувачи“. Во две ротации, учество на курсот зедоа припадници од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Наставните содржини од курсот се изведуваа преку теоретска настава и низ практично извежбување. Слушателите успешно ги совладаа постапките за спроведување на животоспасувачки мерки и постапките при предболничко згрижување на повредени и заболени. Стекнатите знаења, вештини и техники се значајни за учесниците во рамките на нивната поставеност во матичните единици, нивниот професионален развој, како и за унапредување на личните способности.На завршната вежба и доделувањето на сертификатите присуствуваа претставници од командата на ВМЦ и од Министерството за внатрешни работи, кои ја искористија можноста да се заблагодарат за континуираната соработка.