Во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) 49 слушатели професионални војници од единиците на Армијата на Република Македонија го завршија Примарниот курс за лидери.
Со завршетокот на курсот единиците на АРМ добија професионални војници оспособени за работа на должностите во единиците како лидери на тимови – десетари. Низ текот на тринеделната обука од страна на инструкторите од ЦИО задолжени за обука, слушателите на курсот ги оспособија за успешно командување со тим. Строевата обученост и изграденост на слушателите се подигна на повисоко ниво за време на смотрите, низ реализирањето на обуката и при секое друго постројување и организирана активност.
Исто така се утврдуваа и подобруваа веќе стекнатите воено стручни знаења во ракување со оружје и воена опрема на ниво на тим, методичка подготовка за успешно реализирање на обука, правилна примена на тактиката, техниката и процедурата на ниво на тим при извршување на борбена задача.
На завршетокот на курсот сите слушатели добија сертификати за завршен Примарен курс за лидери кој ги подели застапникот на командантот на ЦИО мајор Оливер Велески.