Бригадниот генерал Крис Мекини, заменик-директор на Директоратот за партнерство, безбедносна соработка и соработка против оружја за масовно уништување при USEUCOM, денес оствари работна посета на Армијата на Република Северна Македонија.
Во рамки на посетата, генералот Мекини оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски на која беше разговарано за понатамошната соработка со фокус на регионалните планови и актуелните и идните проекти за развој на армискиот полигон „Криволак“. Дополнително се разговараше и за учеството на заеднички обуки и вежби, со акцент на претсојните вежби „Immediate Response 25” и „Saber Junction 25“, со цел да се подобри интероперабилноста при изведување на операции во мултинационална здружено-комбинирана средина.
Во продолжение на денешната посета, генерал Крис Мекини имаше можност да го посети и АП„Криволак“, каде беше информиран за можностите на полигонот за изведување на разновидна обука и комплексни вежбовни операции, како и за сместувачките капацитети.