Делегација од Армијата положи свежо цвеќе на спомен-обележјето на загинатите бранители од Крива Паланка кои храбро го положија својот живот во конфликтот во 2001 година.
На настанот, кој беше на покана од Здружението на членови на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија- херои на Македонија , присуствуваа и делегации од Општина Крива Паланка, Бирото за јавна безбедност, претставници од СВР Куманово и ОВР Крива Паланка, ЕСЗ Тигар, основни и средни училишта во Општина Крива Паланка.
Во чест на загинатите бранители од 2001 година беше организиран меморијален турнир на кој учествуваше Баталјонот за почести.
Преку учеството, сакаме да ја испратиме пораката дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена.