Во период од 06 до 16.10.2025 година во организација на ГШ на Армијата се реализираше обука на припадниците на Армијата за испитување на хемиска стабилност на барути. Обуката беше реализирана во соработка со ВС на Австрија со употреба на системот QPAK (Qualitative Propellant Analysis Kit) systems.
Активноста е дел од проектот на надградба на националните капацитети за менаџирање со муниција и минско експлозивни средства.








