Во периодот од 17 до 21 ноември 2025 година, во Баталјонот на Воена полиција (бВП) во касарната „Илинден“ во Скопје, беше реализирана специјализирана обука за обезбедување на високи воени раководители. Активноста беше насочена кон унапредување на професионалните стандарди, оперативните процедури и вкупните капацитети на персоналот задолжен за извршување на оваа значајна задача.
Обуката опфати теоретски и практични модули со посебен акцент на организацијата и координацијата на активностите при обезбедување, управување со потенцијални ризици, ефикасна комуникација и тимско делување во различни околности. Преку работата со инструктори и експерти од соодветните области, учесниците имаа можност да се запознаат со современите методи, пристапи и добри практики.Целта на обуката беше да се зајакне подготвеноста, професионалноста и самодовербата на припадниците на бВП, како и да се унапреди нивната способност за безбедно, координирано и одговорно извршување на задачите поврзани со обезбедување на високи воени раководители.Баталјонот на Воена полиција и понатаму ќе продолжи да инвестира во развојот на својот кадар, следејќи ги највисоките стандарди на професионализам и оперативна ефикасност.








