На ден 08.10.2013 година (вторник) се реализираше командантско извидување на западниот реон на Република Македонија со припадниците на полкот за Специјални Операции.
На командантското извидување присуствуваше клучниот персонал од полкот за Специјални Операции. Самото извидување се реализираше на неколку различни локации, а на секоја од нив персоналот се запозна со можностите, ограничувањата, предностите и капацитетите кои ги нуди теренот. За време на реализацијата на извидувањето особен допринос даде и воздухопловната бригада која овозможи транспорт до тешко достапните места.
Команднатот на полкот за Специјални Операции полковникот Васко Ѓурчиновски напомена дека командатските извидувања се одлична можност да се освежат и прошират познавањата кои се имаат за терените и нивните можности кои ги имаме во Република Македонија.