Во пресрет на новогодишните празници, традиционално припадниците на Баталјонот на специјални сили реализираа акции за донирање на новогодишни пакетчиња, детски играчки и ќебиња на Одделот за онкологија при Универзитетската клиника за детски болести.
Традиционалната акција се спроведе и во ЈУ Специјален завод Демир Капија, каде беа донирани прехранбени продукти.
Континуираните хуманитарни активности на Баталјонот за специјални сили, ја потврдуваат општествената одговорност на припадниците на баталјонот, кои со својот ангажман уште еднаш покажаа дека, покрај нивната примарна задача за заштита на татковината, секогаш се подготвени да понудат поддршка и надеж за оние на кои тоа им е најпотребно.








