Денес 04.04.2014 година студентите од Факултетот за безбедност во Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола беа во посета на полкот за специјални операции.
Педесетина редовни и вонредни студенти кои го следат предметот Безбедносни стратегии и менаџмент и Современи безбедносни системи со интерес го следеа брифингот за единицата каде беа презентирани мисијата на единицата, структурата, опремата и стекнатите искуства од мисиите каде учествувала единицата. Студентите имаа можност од блиску да се запознаат со карактеристиките и можностите на вооружувањето, борбените и неборбени возила и опрема која се користи во единицата низ тактичко техничкиот збор.
Низ методско огледна вежба „Брзо спуштање и рапелинг“ гостите од Факултетот за безбедност се запознаа со капацитетите што ги нуди мултифункционалната алпинистичка кула како и процесот на алпинистичка обука низ која поминуваат припадниците на полкот за специјални операции. За гостите беше организирана и демострација на боречки вештини кои се користат од единицата во процесот на обука и тренинг.
Студентите не го криеа своето воодушевување од она што беше прикажано од припадниците на полкот, притоа потенцирајќи ги заедничките точки од она што тие го изучуваат во теорија и она што практичко се работи во една единица на АРМ.