Во периодот од 04-10.05.2014 година во водите на Охридското Езеро со припадниците на полкот за специјални операции се изведе кондицирање во нуркање.
Како една од карактеристичните обуки за ваков вид на единици, нуркањето е нешто што постојано мора да се надоградува и кондицира. За таа цел припадниците на баталјонот за специјални намени од составот на полкот за специјални операции изведоа повторување и надоградување на знаењата, искуствата и процедурите за извршување на задачи во вода. Повторување на постапките за работа со опремата за нуркање со воздух, нуркање со чист кислород, користење дрегери, подводни скутери и друга опрема со која располага единицата.
Исклучителната извежбаност и снаодливост е одлика на секој припадник на пСО без разлика дали станува збор за операции на земја, воздух или вода.