На 28 јануари 2026 година, командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски оствари средба со нерезидентното одбранбено аташе на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија, полковник Даг-Магне Лунде.
На средбата се разговараше за досегашната добра билатерална соработка со Кралството Норвешка, која посебно е изразена во образованието, обуката и курсевите и истата ќе продолжи и во наредниот период.
ГЃ/ДЧ








