Во периодот од 26 февруари до 2 март 2026 година, во Трикала, Република Грција, се одржа 60-тото Светско воено првенство во крос-кантри (60th CISM World Military Cross-Country Championships 2026), во чии рамки беше реализирано и првото балканско рангирање во оваа дисциплина.
На ова престижно меѓународно натпреварување достојно учество зедоа и припадници од Армијата, кои настапија во машка и женска конкуренција, при што на меѓународната сцена ја потврдија физичката подготвеност, спортскиот и натпреварувачки дух.
Исклучително значаен успех во рамки на балканското рангирање оствари машката екипа на Армијата, која во силната меѓународна конкуренција обезбеди екипно трето место. Постигнатиот резултат е потврда за континуираната посветеност на развојот на спортот и физичката подготвеност на припадниците на Армијата.








