На ден 23.03.2026 година, во гарнизоните Куманово, Петровец, Скопје, Штип, Тетово, Кичево и Прилеп, припадниците на Командата за операции и нејзините првопотчинети единици традиционално го одбележаа 21 Март – Денот на пролетта со засадување на садници со дрва и цвеќиња, како и уредување на зелените површини и чистење на кругот на касарните.
По тој повод, во присуство на командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, во касарната „Боро Менков“ во Куманово беа засадени 80 стебла. На активноста присуствуваа и припадници на SEEBRIG, стационирани во касарната во Куманово.
Командата за операции и во изминатите години континуирано учествува во активности поврзани со екологијата и заштитата на животната средина, давајќи значаен придонес во нејзиното зачувување.








