На 28 март 2026 година се навршуваат 25 години од трагичното загинување на капетан 1 класа Љупчо Мирчовски, тогашен командант на Баталјонот на Воена полиција (бВП).
По тој повод, на 27 март, пред командата на бВП во касарната „Илинден“ на спомен-обележјето подигнато во негова чест, свежо цвеќе положија командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на 1. пешадиска бригада , бригаден генерал Дејан Чиплаковски, претставници од Генералштабот на Армијата, Министерството за одбрана, поранешни команданти од бВП, команданти на единиците кои гравитираат во гарнизонот Скопје и членови на семејството на загинатиот командант.
Пред присутните припадници на бВП се обрати командантот на единицата, потполковник Тони Павлоски, кој се наврати на ликот и делото на капетан 1 класа Љупчо Мирчовски, притоа истакнувајќи ги неговите позитивни особини како истрајноста и упорноста во работата, како и извршувањето на поставените цели и обврски во градењето на имиџот и афирмацијата на Баталјонот на Воена полиција и Армијата.








