Командата за обука и доктрини (КОД) реализираше спортски натпревари во рамките на реализација на активностите за одбележување на 15 Април- Денот на Командата за обука и доктрини. Спортските натпревари се одржани во дисциплините пинг-понг, стрелаштво и мал фудбал, чија реализација беше во просториите на Стрелачкиот клуб Велес и спортската сала „Гемиџии“.
На спортските натпревари, освен екипи од Командата и потчинетите единици на КОД, активно учество земаа и екипите на локалните здруженија и институции на Општина Велес, каде уште еднаш покажавме дека организацијата на овие активности е значајна за развивање и унапредување на соработката со истите.
Реализацијата на спортските натпревари придонесе јакнење на цивилно-воената соработка со општинските институции и локалните здруженија, како и развој на натпреварувачкиот и тимскиот дух помеѓу натпреварувачите.








