Во периодот од 26.05 до 09.06.2015 година со дел од припадниците на полкот за специјални операции на падините на планината Бистра се реализираше обука во базирање и преживување.
Овој вид на обука подразбира базирање на непознат, непристапен и специфичен терен прехранувајќи се со она што го нуди природата. Темите кои се обработуваат опфаќаат изработка на засолништа, палење на оган со прирачни средства, пружање на прва помош, пречистување на вода и друго.
Терените на кои се реализираше обуката изобилува со богата флора и фауна. Сите привремени објекти кои беа изработени во логорската просторија беа во склад со природата притоа запазувајќи да не дојде до загадување на истата.
За припадниците на полкот едноставно нема непремостливи препреки, мисијата секогаш мора да се изврши без разлика на теренските и временските условите во кои се наоѓа единицата.