Во периодот од 13 до 17 април 2025 година, во касарната „Скендербег“ во Урошевац, Република Косово, припадници на првиот пешадиски баталјон (1.пб), во состав на Првата пешадиска бригада (1.пбр), земаа учество на меѓународниот натпревар „Најдобар војник 2026“.
На натпреварот, покрај нашиот тим, учествуваа воени тимови од Косово, САД, Албанија, Италија, Хрватска и Обединетото Кралство.
Натпреварувачите ги одмерија своите способности во повеќе дисциплини, меѓу кои: физичка подготвеност, гаѓање и стрелаштво со пушка, копнена навигација, совладување полигон со тактички задачи, набљудување на терен и маршеви.
Натпреварот претставува значајна платформа за проверка и демонстрација на професионализмот, дисциплината и издржливоста на војниците, како и можност за размена на искуства со припадници од земји членки на НАТО и партнерски армии.
Со своето учество, припадниците на 1.пб уште еднаш ја потврдија високата физичка подготвеност, како и изразениот натпреварувачки и спортски дух, кои се препознатлив белег на припадниците на Армијата.








