Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска се сретна со Јордан Тасевски, претседател на Македонската спортска стрелачка федерација.
На средбата беше разговарано за неодамна одржаниот Интернационален отворен турнир во стрелаштво, на кој традиционално учествуваат и припадници на Армијата, кои остваруваат забележителни резултати во натпреварувачките дисциплини.
Началникот на Генералштабот ја поздрави досегашната успешна соработка со Македонската спортска стрелачка федерација, истакнувајќи го значењето на стрелаштвото во развојот на професионалните способности, спортскиот дух и меѓусебната соработка.
Во знак на досегашната успешна соработка, претседателот на Македонската спортска стрелачка федерација му врачи плакета на генералот Лафчиски.








