Студенти од втора година од факултетот за безбедност од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, беа во работна посета на полкот за специјални операции. Во текот на посетата, студентите имаа можност да се запознаат со мисијата, задачите, начинот на селекција и обуката која што се реализира во единицата, како и да слушнат за дел од искуствата од досегашното учество во мировните операции.
Воедно од страна на баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон беше презентиран тактичко-технички збор на дел од вооружувањето и опремата што се користи во единицата, како и демонстрација на показна вежба: „Формирање и постапки на мобилна контролна точка“.
Презентираните активности во целост ја задоволија целта на работната посета што може да се согледа преку покажаниот интерес и поставените прашања на секоја од работните точки.