Во деновите 23 и 24 мај 2026, инструкторите од Одделот за медицинска обука учествуваа на 47. Интернационален медицински научен конгрес (47th International Medical Scientific Congress), кој се одржа во Охрид, со цел едукација на студенти на медицинските факултети од регионот и пошироко.
Во текот на дводневниот тренинг се реализираше работилница на која идните лекари ги совладаа вештините за справување со животозагрозувачки состојби и вежба на која учесниците ги презентираа научените постапки, согласно стандардите за предболничко згрижување.
Соработката со младите колеги ја потенцираше важноста од практичната едукација на медицинскиот персонал, за нивна подготвеност во справување со повредени и заболени во случај на кризни ситуации.








