Денес, 7 јули 2026 година, во Командата за обука и доктрини (КОД) се реализираше посета од страна на одбранбеното аташе на Обединетото Кралство, потполковник Дениз МекМехон.
Во рамките на посетата, преку кратка презентација подетално беа претставени мисијата и задачите на КОД, активностите, опремата и капацитетите на единицата.
Притоа беше истакнато и долгогодишното партнерство кое во контиуитет се потврдува преку реализација на заеднички обуки и стручна размена на искуства.
На крајот на посетата беше потенцирано дека ваквите средби даваат силен поттик за дополнително зацврстување и унапредување на билатералната соработка меѓу Армијата и Вооружените сили на Обединетото Кралство.








