Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска оствари средба со амбасадорката на Романија, Моника Аксинте, и досегашното одбранбено аташе, полковник Каталин Петре Арчип, по повод завршувањето на неговиот мандат.
На средбата присуствуваше и новоназначеното одбранбено аташе, полковник Александра Барбулеску, која ќе ја извршува оваа должност во наредниот период. На средбата, генералот Лафчиски изрази благодарност до полковникот Каталин за неговиот личен ангажман, професионалност и континуиран придонес во развојот и унапредувањето на билатералната воена соработка меѓу армиите на двете земји, како сојузници во НАТО. Воедно, началникот на Генералштабот упати желби за успешен мандат, како и за продолжување и унапредување на соработката за време на мандатот на новото одбранбено аташе, полковник Александра Барбулеску.
За време на средбата беа потенцирани заедничките активности во изминатиот период, со посебен акцент на успешно реализираните вежбовни активности, координацијата во рамки на регионалните безбедносни форуми и проектите за едукација и усовршување на воениот персонал.








