Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, се реализираше свеченост на вработените во Командата за обука и доктрини (КОД), по повод одбележување на 18 Август – Денот на Армијата. Покрај припадниците од КОД, на свеченоста присуствуваа и градоначалници од зоната на одговорност на гарнизин Велес, претставници ид СВР Велес како и поканети гости од локалната самоуправа и државните институции во општина Велес.
За време на свеченоста во своето обраќање пред присутните гости заменикот командант на КОД полковникот Дарко Стојкоски се осврна на историските моменти од формирањето на Армијата, до нејзиното станување земја членка на НАТО. На крајот, тој им го честиташе Денот на Армијата на сите припадници на КОД, на присутни на денешната свеченост, како и на сите оние кои во овој момент се на нивните работни места во земјава и надвор од неа, посакувајќи им добро здравје и успех во работата.
На свеченоста беа прочитани наредбите за унапредување и стимулативните мерки за припадниците од Командата за обука и доктрини.








