На 3 септември 2026 година, Армијата беше домаќин на Пленарниот состанок за борбената група на Европската унија „HELBROC BG“ , кој се реализираше во Домот на Армијата во Скопје.
Пленарниот состанок го отвори началникот на Одделението за борбена готовност во Ј-3/ГШ на Армијата, полковник Горан Петрушевски, кој го истакна учеството на Армијата со сили и средства во борбената група на Европската унија. Армијата продолжува да придонесува во активностите предводени од Европската унија во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот.
На состанокот покрај претставници од Вооружените сили на Република Грција, кои се воедно и водечка нација, учествуваа и претставници од Вооружените сили на Романија, Република Бугарија, Србија, Кипар и Македонија.








