На 23 септември 2026 година, во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, припадниците на Воздухопловниот ВИНГ учествуваа во крводарителска акција, организирана во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина.
Во акцијата беа дарувани 48 крвни единици, со што припадниците на Армијата уште еднаш ја потврдија својата посветеност кон хуманите вредности и подготвеноста да помогнат тогаш кога е најпотребно, ставајќи ја солидарноста и одговорноста на прво место.








