По повод одбележувањето на Детската недела, на 8 октомври 2026 година, вкупно 120 деца од градинката ЈОУДТ „Олга Мицеска“ од Кичево, предводени од директорката Арлинда Шаини и во придружба на воспитувачите, реализираа едукативна посета на касарната „Чеде Филиповски – Даме“, каде беа пречекани од припадниците на 1.пешадиски баталјон (1.пб) од составот на 1.пешадиска бригада.
Програмата на посетата беше прилагодена на возраста на децата и опфати разгледување на етно-собата и спомен-собата во касарната. Во рамки на посетата, припадниците на 1.пб на најмладите посетители им презентираа дел од своите активности, меѓу кои и начинот на подготовка и реализација на смена на стража. Исто така, беше организиран тактичко-технички збор, при што децата имаа можност одблизу да се запознаат со дел од моторните транспортни средства (МТС) и опремата со која располага единицата.
На завршетокот од посетата, децата со почит го поздравија државното знаме, проследено со интонација на химната на Армијата, по што им беше поделена маренда.
Посетата беше реализирана во рамки на активностите за цивилно-воена соработка, со цел зајакнување на соработката и воспоставување поблиски врски меѓу воспитно-образовните институции и Армијата.
ГЃ/ДЧ








