Континуираната активност во спроведување на обука на персоналот од состав на Армијата за стекнување на потребни знаења од процесот на стандардизација во НАТО продолжи во текот на оваа седмица со изведување на вториот модул на планирана обука од оваа област.
На обуката за стандардизација која во изминатиот период се спроведува со поддршка од директоратот 2 на генералштабот за национална одбрана на Република Грција покрај персоналот од Армијата кој е вклучен во овој процес за првпат учествуваше и припадник од вооружените сили на Република Албанија.
Обуката е со цел обучување и подготовка на армиските припадници во извршување на задачи според стандардизацијата на НАТО која е обврска на секоја земја членка.
На курсот кој се изведуваше во Домот на Армијата во Скопје во период од 30.05-03.06.2022 година, слушателите се здобија со сертификати за учество кои беа врачени од страна на началникот на секцијата за планирање во генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски.