Одличната воена соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Кралството Норвешка во изминатиот период, особено помеѓу воените оркестри се крева на уште повисоко ниво со денешната донација на музички инструменти за потребите на Воениот оркестар.
Со соодветна церемонија во касарната „Илинден“ во присуство на Заменик на началникот на Генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин, од страна на нерезидентното одбранбено аташе на Кралството Норвешка, потполковник Даг-Магне Лунде и овластениот претставник од Генералштабот, полковник Дарко Кочовски се потпиша договор со кој се изврши примопредавање на повеќе видови на дувачки и ударачки инструменти, како и пултови за потребите на воениот оркестар од составот на баталјонот за почести.
Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија заедно со припадниците на кралската гарда на Кралството Норвешка, настапија заедно минатата година во центарот на Скопје како дел од активностите за одбележување на
Донацијата, претставува продолжение на севкупните донации од Кралството Норвешка, која во досегашниот период се состои од донирана софистицирана опрема за заштита на телекомуникациските врски, медицински материјал и компјутерска опрема, како и подршката на Регионалниот Центар за односи со јавноста, а како особено значајна е донацијата на Лесна маневарска полска болница.