Согласно Планот за билатерална соработка со Австрија, во период од 7 до 17.04 година се реализираше „Курс за испитување на хемиска стабилност на барути“. Активноста се реализираше во просториите на хемиската лабораторија, во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, на која учествуваа претставници од Армијата и Воената академија.
Во рамките на активноста предвидена е донација на опрема за испитување на хемиска стабилност на барутите, а со употреба на истата ќе се унапреди системот за следење на животниот циклус на муницијата и минско-експлозивните средства во Армијата.