Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, оствари работна средба со командантот на силите на Европската Унија (ЕУФОР), генерал-мајор Ласло Штиц. Генералот Штиц изрази благодарност за нашата професионална ангажираност, обученост и извршување на задачи во мисијата на ЕУФОР.
За време на средбата го запозна началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски со моменталната безбедносна ситуација во БиХ и истакна дека ЕУФОР е за поддршка на институциите за стабилност и безбедност во државата, а во следниот период клучна задача ќе им биде изборниот процес кој ќе се одржува во БиХ.
Армијата на Република Северна Македонија започна со учество во мисијата ЕУФОР „АЛТЕА“ од јули 2006 година со декларирање на хеликоптерски деташман, кој дополнително беше зајакнат со медицински тим за „ROLE 1“ медицинска поддршка. Од 2022 година е започнат техничкиот аранжман за соработка помеѓу Министерствата за одбрана на Република Северна Македонија и Република Турција во рамки на операцијата во Босна и Херцеговина ЕУФОР, претходно македонскиот контингент беше под менторство на Р. Грција.