Директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Симеон Трајковски, денес, оствари средба со Заменикот на началникот на штаб за планирање во Командата на здружените сили во Неапол, генерал -мајор Џон Мид, кој е во еднодневна работна посета на Армијата.
На средбата, се разговараше за важноста на процесите за планирање, опремување и модернизација на Армијата, при што беше потврдена и досегашната соработка со Командата на здружени сили на НАТО во Неапол.
Посетата е дел од планираните активности на Здружената команда на НАТО во Неапол во земјите кои припаѓаат во нејзината зона на одговорност. Во рамките на посетата се реализираа и експертски разговори со претставници од ГШ на Армијата, на кои се разговараше за улогата на Армијата на Република Северна Македонија како дел од Регионалниот план на НАТО – Југоисток. Воедно се разменија мислења и за безбедносната состојба во регионот.