Со доделување на сертификати за учество, од страна на директорот на генералштабот на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески денес заврши третиот финален модул на обуката во областа на стандардизација во НАТО.
Во изминатите три дена во Домот на Армијата во Скопје, припадниците од Армијата и Министерството за одбрана кои претходно ги поминаа првите два циклуса на обуката учествуваа во овој завршен дел во изучување на одредбите за стандардизација во одбраната согласно НАТО стандардите.
По завршување на овој финален модул на обука од оваа област припадниците на Армијата и министерството за одбрана ќе бидат подготвени да ги извршуваат основните задачи кои се очекуваат во стандардизацијата согласно НАТО, кое е во функција на унапредување на целиот систем на достигнување на потребните НАТО стандарди кои ќе придонесат за поефикасно исполнување на обврските во однос на интегративните процеси на Армијата во НАТО Алијансата.
Обуката е поддржана од страна на Генералштабот на Вооружените сили на Република Грција при што сите предавања беа реализирани од мобилен тренинг тим составен од старешини експерти во оваа област.