Припадникот на Командата за Обука и Доктрини (КОД), десетар Љубомир Спасиќ на 9 октомври настапи на натпревар во кајак на диви води, финале од европскиот куп во Словенија, при што се пласираше на третото место, со што го потврди второто место во конкуренција на 115 натпреварувачи во генерален пласман на европската ранг листа за 2021 година.
Започнувајќи од 2015 година, тој во континуитет е во десетте топ кајакари на Европската ранг листа, каде во 2019 година успеа да биде севкупен победник и освојувач на европскиот трон во генерален пласман од вкупно 196 натпреварувачи.
Спасиќ за следната сезона ќе се натпреварува за пласман во топ 10 на светската ранг листа во кајак на диви води во дисциплината спуст.
Тој е член на Кајак Кану Клуб Арка-Борец од Велес и долгогодишен репрезентативец на кајакарската Федерација на Република Северна Македонија.