Спортските натпревари кои се дел од годинешните активности по повод одбележувањето на триесетгодишниот јубилеј на Армијата, со завршните натпреварувања во предвидените дисциплини кои се одржаа вчера ги добија најуспешните екипи и поединци во Армијата.
На финалните натпревари во рамките на програмата за одбележување на „18ти Август“ – Денот на АРМ, кои се одвиваа на Воениот стадион во Скопје во период од 13.06 до 21.06.2022 година учествуваа повеќе екипи и стотина припадници од сите единици на Армијата
Постигнати се следните резултати на спортските натпреварувања во дисциплините: крос трчање на 4 и 8 километри, мал фудбал, кошарка, одбојка, шах и пинг-понг:
Мал фудбал:
1 место: ренџерски баталјон
2 место: баталјон на воена полиција
3 место: баталјон за Почести
Кошарка:
1 место: баталјон на специјални сили
2 место: воздухопловен ВИНГ
3 место: ренџерски баталјон
Одбојка:
1 место: 1 пешадиска бригада
2 место: ренџерски баталјон
3 место: Генералштаб на Армијата
Пинг-понг:
1 место: Генералштаб на Армијата
2 место: баталјон на специјални сили
3 место: Команда за Обука и Доктрини
Шах:
1 место: команда за операции
2 место: 1 пешадиска бригада
3 место: 1 пешадиска бригада/2 екипа
Крос-кантри – мажи:
Екипно:
1 место: баталјон на специјални сили
2 место: баталјон за Почести
3 место: Команда за Обука и Доктрини
Поединечно:
1 место: пфв Милош Ранчиќ од Логистичка база
2 место: кап Жан Тосев од баталјонот за почести
3 место: пфв Трајче Илијевски од Команда за обука и доктрини
Крос-кантри – жени:
Екипно:
1 место: Команда за Обука и Доктрини
2 место: воздухопловен ВИНГ
3 место: 1 пешадиска бригада
Поединечно:
1 место: нар Марија Пеликон од Генералштабот на Армијата
2 место: пос вод Ирена Лекоска од баталјонот за специјални сили
3 место: пит Благица Стефановска од Команда за обука и доктрини
Натпреварите поминаа во спортски и фер дух а најдобрите натпреварувачи и екипи кои покажаа дека покарај извршување на редовните задачи на спортот како дел од обуката во Армијата му се посветува должно внимание ќе се здобијат со соодветни признанија како стимул за постигнување на уште поголеми успеси.