Во рамките на одбележувањето на 26 февруари – Денот на 1.пешадиски баталјон во касарната „Боро Менков“ во Куманово и 27 февруари, патронатот на касарната ,,Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, се реализираа крводарителни акции.
Крводарителните акции се во организација на Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, во соработка со Црвениот Крст. Во акцијата учество зедоа вкупно 131 припадници од единиците лоцирани во гарнизоните Куманово и Тетово.
Екипата од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, ја искажаа својата благодарност кон персоналот на 1. пешадиска бригада и не го криеја задоволството од подарените 131 крвни единици.
Крводарителни акции, се одржуваат повеќе пати во годината, во рамките на одбележувањето на деновите на единиците, патронатите на касарните, како и вонредни крводарителски акции.
ГЃ/ЧС