За времетраење на вежбата „Swift Response-22“, која е во организација на USAREUR-AF, се реализираа повеќе проекти од доменот на цивилно воена соработка (ЦВС), меѓу кои во текот на месец април беше извршено обнова и реновирање на 3 патишта во с. Криволак во вкупна должина од 1000 метри, каде е поставен тампон и истиот е проширен. Патиштата беа санирани од страна на Инженериски баталјон од Командата за операции, при што жителите кои живеат во делот каде беше направено санирање на патот изразија благодарност.
Заедно со учениците од СОУ „Кирил и Методи“ во Неготино и припадниците на Армијата на САД беше организиран кошаркарски натпревар. За време на настанот учениците имаа можност да разговараат со претставник од Американското катче и да се запознаат со можностите што ги нуди каде воедно беше извршена донација на ограда за училиштето од страна на Армијата на САД.
Во рамки на вежбата, од страна на Одделението за Одбранбена Соработка од Амбасадата на САД, а во соработка со синдикатот за ЦВС беше извршена обука на ПП Екипи во Општина Радовиш, на која учествуваа екипи од ППД Штип, ППД Радовиш, ППД Неготино и ППД Конче. За време на обуката беа покажани разни ситуации на давање на прва помош при несреќен случај со цел обновување на досегашните познавања и воведување на нови вештини.
Падобранците кои учествуваа на вежбата, заедно со медицински тим и падобранец од Армијата го посетија Американскиот катче во Штип, каде посетителите имаа можност да се запознаат со опремата што се користи, да ја пробаат истата и да се запознаат како падобранците се подготвуваат за нивните скокови.
Со реализација на овие активности, оваа е продлабочена соработката помеѓу Армијата и локалните самоуправи кои гравитираат во околината на АП „Криволак“, како и значително јакнење на довербата која Армијата во континуитет ја има од страна на граѓаните.