На 18 октомври беше реализирана симулациска вежба по прва помош во итна ситуација-земјотрес. Симулациската вежба беше организирана под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележување на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, како и зачестените природни непогоди во земјата и регионот. Истата имаше цел да се усоврши соработката и координацијата помеѓу повеќе институции во справување со елементарна непогода.
Целта на нивното учество беше извежбување на тријажа на повредени, укажување на прва медицинска помош и нивен транспорт.
Медицинските тимови беа составени од стручни лица од Црвениот Крст на Република Северна Македонија и Армијата. Медицинските лица, заедно со стручниот логистички тим од Воено медицински центар кој го реализираше поставувањето на шаторите и опремата, покажаа успешна соработка, брзина и ефикасност во реакцијата.
Прифатот и третманот на повредените го изведуваа медицински инструктори од Одделот за медицинска обука, медицински лица од повеќе организациони единици на Воено медицински центар и од Општинските органуизации на Црвениот Крст од Прилеп и Кичево како и стручни тимови за прва психолошка помош.
Нивното учество значајно придонесе во зајакнување на соработката и практично повторување на насоките за предболничко згрижување на повредени.
Покрај припадници од Воено медицинскиот центар, активно учество во вежбата земаа и припадници од останатите единици на Армијата.