Денес, во паркот „Сарај“, во присуство на заменик-началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Азим Нуредин, беше реализирана заедничка показна вежба за справување со пожар на отворен простор, кој се заканува на населено место, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи и локалната самоуправа на Општина Сарај.
На вежбата учествуваа и припадници на Армијата од Военомедицинскиот центар и Одделот за медицинска обука, кои реализираа евакуација на население, укажување прва медицинска помош и транспорт на повредени.
Вежбата ја потврди подготвеноста, координацијата и интероперабилноста на сите вклучени институции во справување со кризни состојби и заштита на граѓаните.








