По наредбата од страна на претседателката и Врховен Командант на Вооружените Сили, Гордана Сиљановска Давкова за ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нареди ангажирање на потребни капацитети на Армијата.
Притоа, сто припадници на Армијата, од вториот пешадиски баталјон и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.
Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди секогаш кога било потребно.