Денес, 8-ми август, се навршуваат четиринаесет години од загинувањето на десетте припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Карпалак.
По овој повод Делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески положи венец свежо цвеќе на спомен-плочата во месноста Карпалак.
По ист повод делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ предводена од началникот на штаб на ЗОК, бригаден-генерал Стојан Димчов, положи венец свежо цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.
Во нападот на армиските сили во месноста Карпалак на 8-ми август 2001 година животот го загубија Марко Деспотоски, Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.