Утре, 7-ми август во рамките на програмата за одбележување на „18-ти Август“ – Денот на АРМ, на Воениот стадион во Скопје со почеток во 09:30 часот ќе се одржат финалните натпревари во кошарка, одбојка, фудбал, пинг-понг, шах и крос – кантри.
На постројување на спортските екипи за финалните натпревари пригоден говор ќе одржи и Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-мајор Горанчо Котески.
Во досегашното двонеделно натпреварување во сите дисциплини учество земаа над 1500, а во утрешното натпреварување учество ќе земат околу 150 припадници на армијата. Натпреварувањата се одвиваа во сите гарнизони на АРМ низ Републиката.
Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери да ги проследат и да информираат за натпреварите.