Денес, 09-ти октомври, на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ во рамки на вежбата „Македонски Блесок-11” се реализира предвидената програма за Денот за високи гости.
На активноста присуствуваа заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, претставници од Канцеларијата за врски на НАТО, асоцијацијата на воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други високи гости.
Пред присутните гости, припадниците на АРМ од четата на Воена Полиција (чВП) и ренџерската чета (рч) прикажаа висока обученост и извежбаност при демонстрирање на борбени постапки и ситуации кои беа дел од содржините за оценување на вежбата „Македонски Блесок-11”.
Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај нагласи дека вежбата „Македонски Блесок-11” е успешно реализирана и е постигната главната цел со успешното оценување на декларираните единици на Армијата на Република Македонија.
Вежбата „Македонски Блесок 11“ претставува уште еден голем успех на АРМ и потврда за исополнувањето на стандардите на НАТО.
Оценувањето на чВП и рч се реализираше согласно Концептот за оперативни способности на НАТО (ОСС), а го спроведе оценувачки тим на АРМ, заедно со набљудувачи од различни команди на НАТО.
Во текот на вчерашниот ден на командирите на оценуваните единици им е соопштена позитивната оценка од спроведеното оценување согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, која е во согласност со прикажаната обученост на припадниците на единиците.